Од следната година полесен пристап до парите од ИПАРД
Објавено во: Агробизнис
24 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Од следната година конкурирањето за парите од ИПАРД фондовите, ќе биде со поедноставени процедури. Европската делегација во земјава, на ваков чекор се одлучила, по реакциите од страна на земјоделците во однос на проблемите со имотните листови и другите документи што треба да ги обезбедат од различни агенции и министерства. Посебна поддршка и обука ќе добијат консултантските куќи и агенциите за развој на земјоделство, кои треба да им помогнат на земјоделците, околу апликациите за да имаат поголеми шанси за добивање на парите. Предвидена е промена на правилата во однос на поддршката од 50 проценти за земјоделците кои набавиле механизација, каде што како услов се поставува таа да е набавена од земја членка на ЕУ или земја која е корисник на ИПА инструментот.
Инаку од 2009 година досега се реализирани шест јавни повици, а во тек е седмиот. Потпишани се 170 договори во вредност од 16 милиони евра, но повлечени се само 2,4 милиони евра од достапните 50 милиони евра.
ИПАРД 2 компонентата, како дел од ИПА 2 за Македонија ќе биде достапна за периодот од 2014 до 2020 година. Оваа компонента предвидено е да содржи и нови мерки, како што е можноста за 100- процентно финансирање со европски грантови на проекти за подобрување на инфраструктурата во руралните области. Исто така целосно со грантови ќе се финансира обуката на земјоделците и членовите на руралните средини за да се подобри пристапот до новите образовни информации во земјоделството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.