Добивај вести на Viber
Ако се оди според планот, автопатот Софија - Ниш треба да биде готов до крајот на 2016 година, изјавија министерот за регионален развој на Бугарија, Десислава Терзиева и српскиот колега Игор Мировиќ .
Оваа изјава е дадена во текот на врачувањето на 13 договор за програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Србија, пренесоа бугарските медиуми.
„Нашата влада ќе вложи напори патот да биде готов кон крајот на 2016 година“ , рече Терзиева . Според неа следната недела претставници на Министерството за транспорт ќе имаат средба во ЕК за вклучување на проектот во програмата „Connecting Europe Facility " .
Терзиева истакна дека во моментов патот Софија - Калотина е вклучен како приоритетен објект во оперативната програма „Транспорт " .
„Имаме амбиција да го завршиме и нашиот дел до крајот на 2016 година“, истакна Мировиќ . Тој изрази задоволство дека и двете држави ќе го испочиуваат истиот термин за пуштање на автопатот .
Министрите за регионален развој на Бугарија и Србија разговараа и околу создавањето на нов граничен премин Салаш - Ново Корито. Се планира да се формира и нова работна група , која ќе работи на спроведување на плановите за новата инфраструктура.