Од среда „гарантирани цени“ на 50 производи: Ќе бидат поевтини за 10 отсто од оние на 1 август
Објавено во: Економија 18 Септември, 2023 13:21
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска објави дека од среда во маркетите 50 прехранбени производи ќе бидат одбележани со видлива назнака „гарантирана цена“ кои ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа намалени за минус 10 отсто. Тоа трговците ќе мора да го почитуваат до 30 ноември.
Производите ќе бидат објавени утре по владината седница. Од 50, според Бектеши, 25 ќе бидат во категории како лепеза. Според министерот, ќе ги има од пекарска, месна, млечна, кондиторска индустрија, односно дека станува збор за производи кои повеќе се трошат во земјата според Заводот за статистика.
„Секој граѓанин кој ќе оди да купува, ќе види ознаки на гарантирана цени и ќе знае дека тие цени нема да можат да имаат нагорно зголемување до 30 ноември, но и поттик на трговците и производителите до среда до Министерството за економија да се пријават ако не се влезени во одлуката и да ги намалат и другите цени.
Има интерес за доброволно тоа да го направат во вакво кризно време да бидат општествено одговорни и да им излезат во пресрет на потрошувачите.
Листата ќе биде доставена од утре до трговците на мало, на големо, до производителите, а од среда засилени контроли ќе има од Државниот пазарен инспекторат“, рече Бектеши.
Тој додаде дека понатаму ќе има одлуки и за дистрибутерите и производители на пијалоци, како и за хемиските производи, кои исто така би важеле до 30 ноември.
Бектеши очекува од среда оваа мерка да донесе значително намалување на цените.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




