19 Декември, 2025
0.4692

Од среда навечер продор на многу поладен воздух од северозапад во Македонија!

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2025 06:30

Добивај вести на Viber

До вторник (8 јули) во нашата Република Македонија продолжува влијанието на многу топлиот бран од југ, односно од Африка кој ќе условува многу високи температури на воздухот, слични на оние кои ги имаме сега. Сепак повремено ќе дува засилен ветер од југозападен и од западен правец. вели метеорологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, со помали услови за попладневна изолирана нестабилност.

Поради продор на многу поладен воздух од северозапад, и тоа преку алпскиот регион, од  среда навечер (9 јули) ќе дува повремено силен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите дури и за повеќе од 10 степени во однос на оние кои ги имаме сега. Во четврток и во петок (10/11 јули) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 33 степени во најтоплите предели, односно во Повардарието.

Наутро темпераутрите ќе бидат многу пониски и ќе биде значително свежо, а на повисоките населени места и планините дури и релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат  и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени. Во Скопје и околината од четврток температурата ќе биде многу пониска за разлика од сега  и максималната дневна температура ќе се искачува до околу, па и под 30 степени, што значи ќе биде пониска од сегашната и за повеќе од 10 степени.

Да напоменам дека во среда (9 јули) ќе има услови за повремен локален слаб дожд во западните  и во северните предели, каде ќе има повеќе облачност“, објави тој.



Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните