02 Декември, 2024
0.0265

Од трибина до политика - Омилените регрути за партиски војници

Објавено во: Свет 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Спортот во Македонија е сведен на катастрофално ниско ниво, а освен слаби резултати видливо е дека трибините се речиси празни, додека пак речиси секој викенд сме сведоци на бројни инциденти, како на терените, така и вон нив. Дел од припадниците на навивачките групи и натаму се во голема мера „слободни“ да предизвикуваат инциденти, но и националистичка омраза, а исто така потоа се наградувани со високи партиски и државни функции.

Ескпертите за спорт се согласни дека законот мора да се применува еднакво за сите за да се оттргне партиското и полициското влијание врз навивачките групи, бидејќи штетата ја трпат сите, и регуларните фанови, но и самиот спорт.

„Во 2004 година во Собранието на Македонија донесовме посебен Закон за спречување на недостојно и недолично однесување на спортските натпревари кој е солидна основа за отпочување на институционална борба против девијантното однесувања на спортски натпревари преку казнување на насилниците и тие кои го нарушуваат редот на спортските натпревари, а воедно нанесуваат штета и ги загрозуваат останатите љубители на спортот“, вели проф. Иван Анастасовски.

Навивачките групи се добра база за регрутација на идни партиски војници

Популарноста на спортот, особено на фудбалот е добра основа за политичарите од Македонија и од поширокиот регион вешто да ги користат навивачките групи за свои цели.

„Во делот на навивањето и поддршката на спортските клубови, теоријата дефинира две групи и тоа: навивачи и поддржувачи. За жал кај нас првата групација е единствена која е присутна на спортските терени и тоа организирано и масовно. Навивачки групи претежно се составени од млади луѓе кои имаат моќ да регрутираат секогаш поголема група на врсници во своите редови. Од тие причини, политиката тука го наоѓа својот интерес да ги зло(употребува) во свои цели“, смета Анастасовски.

Навивачките групи често се користат да се испратат пораки на натпреварите, и партиите вешто ги манипулираат за свои лукративни политички цели преку нивно финансирање и заштитување за да може да ги имаат под контрола особено во периодот на избори.

„Другата група на поддржувачи во кои се вбројувам и себеси е многу покорисна пред се за спортот и спортските клубови, а воедно не е подводлива под политичките притисоци, но истата ретко се гледа на спортските настани поради горенаведените причини“, додава Анастасовски.

Речиси јавна тајна е дека најдиректната контрола над влијателни членови на навивачките групи се врши преку „досиеја и кривични пријави во фиоки“, односно за сторените прекршоци не се поведуваат формални процедури пред правосудните органи, за потоа овие „регрути“ да бидат употребени за време на изборите, и потоа како дел од институциите.

Однесување на групата на врсници преточена во навивачки групи неретко е подлежно на девијантно или асоцијално поведение кое се коси со законските норми и претставува добра основа тие да бидат контролирани и зло(употребувани) за политичко-партиски цели. Како што и самите констатиравте, многу е лесна контролата над овие групи преку МВР каде во најголем процент (не сакам да генерализирам) но, одредни поединци имаат свое досие, и да повторам не сите, има и млади со интегритет. Навивачките групи во западната филозофија се држат децидно настрана од органите на прогонот, особено ова важи за Англија и тоа се две сериозно спротиставени страни, за разлика од кај нас каде истите се наметнуваат и се потчинети кон органите на прогонот се со цел да бидат заштитувани во општествениот систем“, потенцира Анастасовски.

Спортските терени во Македонија мора да бидат безбедни за посетителите и да се искоренат некоректните навивачки пароли и скандирања кои шират национална, верска, етничка и друг вид на омраза.

„Во контекст на спроведување на законот огромна улога има МВР како и организаторот на спортскиот настан. Факт е тоа дека организаторот на натпреварот заедно со надлежното министерство се должни да направат соодветна проценка на ризикот на одреден спортски натпревар и да ги обезбедат сите ризични точки и колку што може да спречат било какви испади бидејќи секој инцидент е потенцијално место за загрозување на безбедноста како на директните така и на индиректните учесници во спортот. Како легалист сакам да потенцирам дека државата е должна децидно и непоколебливо да го имплементира законот кој мора да важи за сите, а не да заштитува одредени групи од причини во насока на лукративно политичко-партиски потреби“, заклучува Анастасовски.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото