Од утре драстично намалување на цените на бензините и дизелот
Објавено во: Економија 09 Декември, 2022
регулаторната комисија за енергетика најави дека од утре следува пад на цената на дизелот за пет денари.
Големо намалување ќе има и кај бензините, па така Еуросупер БС-95 ќе поевтини за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари.
Промена на цената од полноќ ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари помалку за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 денари за килограм.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, за МИА вечли дека намалувањето се должи на променетите цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.
– Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот, изјави Бислимовски.