Од утре разрешување на Катица Јанева
Објавено во: Македонија 26 Август, 2019
Специјалната обвинителка Катица Јанева која во моментов е под истрага за случајот „Рекет“ и притворена во истражниот затвор Шутка би можела да биде разрешена пред истекот на нејзиниот мандат на средината на септември.
Иако шефицата на СЈО е во оставка, Советот на јавни обвинители утре претпладне ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за нејзино разрешување. Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка за случајот „Рекет“.
Во игра се две варијанти - постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или назначување на в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО. Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука за тоа која од овие две опции е посоодветна.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.