Од утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести: Нема да има затворање на општините, се размислува само за скусување на работното време
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020 11:35
Комисијата за
заразни болести на редовниот состанок денеска нема донесено нови препораки во
однос на понатамошно спречување на ширењето на заразата со корона вирусот во
Македонија. Членовите очекуваат денеска Владата да ги усвои нивните
минатонеделни препораки кои се однесуваат пред се на задолжително носење маски
и на отворено, се забранува групирање на повеќе од четворица на јавни простори по
22.00 часот, како и забрана на семејни собири, всушност со оваа препорака едно
семејство смее на гости да прими најмногу четворица луѓе.
-Денеска немаше ништо посебно на состанокот. Се дебатираше околу тоа од каде е толкавиот број на новозаразени, но за сега не одлучуваме за други рестриктивни мерки, освен за оние кои ги препорачавме минатата недела, а кои очекуваме денеска Владата да ги усвои. Во зависност од актуелната состојба и епидемиолошката слика на земјава, можеби ќе размислиме евентуално за намалување на работното време, но не само на кафеаните и угостителските објекти, туку скратувањето на работното време, реазмислуваме да биде за сите, и пекарници, и рестораните за брза храна, и маркети и молови. Ова би било со цел да не се чувствуваат дискриминирани едните или другите, велат денеска од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Инаку, во моментов во Македонија има 4.015 активни случаи на ковид, а изминативе денови од вкупниот број тестирани, дури 23 отсто беа позитивни.
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




