19 Декември, 2025
0.0462

Од вечерва нафта ќе се внесува преку Дојран и Меџитлија

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017 18:46

Добивај вести на Viber

Нафта и нафтени деривати од вечерва до 5 март ќе може да се внесуваат во Македонија и преку граничните премини Дојран и Меџитлија. 

Ова е дел од владините мерки за справување со кризата во транспортот преку ГП Богородица, заради протестите и блокадите од грчките земјоделци. 

Од владата објаснуваат дека дека мерката ќе стапи во сила веднаш откако царинската управа ќе обезбеди логистика за зголемениот обем и за минување на транспортерите. Тоа ќе се случи откако полицијата ќе обезбеди нормално одвивање на сообраќајот од граничните премини до внатрешните царински терминали.  Треба да се земе предвид и дека поради пристапноста и квалитетот на патот, кој не е идентичен со оној кај ГП Богородица, ќе има предизвици и ситуации на забавен сообраќај, но институциите ќе работат за да обезбедат непречен проток.

Портпаролот на владата, Александар Георгиев вели  дека блокадите предизвикуваат економски штети во државата кои може да предизвикаат нафтена криза и дека отворањето на можноста за транспорт на нафта и нафтени деривати преку другите два гранични премини се времен одговор на предизвикот.

Нашите Синдикати денеска и Стопанската комора вчера, побараа поддршка од грчките синдикати и тамошната бизнис- заедница за надминување на транспортните проблеми. 

Се споменуваше дека Македонија може да се соочи со нафтена криза ако блокадите потраат. 

Фармерите кои блокираат неколку гранични премини на нашата граница и на границите со Бугарија, протестираат против предвидени промени во системот на социјална помош и зголемување на даноците. 

Тие предупредија  дека ако властите не го почитуваат поставениот рок до четврток, ќе ги интензивираат протестите.

Се планира голем протест на 14-ти февруари во Атина, како и собири пред даночните канцеларии и банките.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот