ОД ВЕЧЕРВА СНЕГ И ПО ГРАДОВИТЕ И СУВ СТУД: Температурите ќе се спуштат и до -10, прогнозира Попоски
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2024 07:57
Метеорологот
Славчо Попоски апелира внимателно возење на планиските превои каде што снегот
ги прекри патиштата. Поризично е на Ѓавато од каде што Попоски објави и видео.
-Има обилни врнежи од снег и значителна снежна покривка! Снежните врнежи продолжуваат, а снежната граница ќе се спушта се пониско, особено утре навечер и ноќта кон вторник кога на повеќе места очекуваме снег, апелира метеопрогнозерот!
Следува понатамошно спуштање на студената воздушна маса од Арктикот кон Македонија.
Во текот на утрешната вечер, и ноќта кон вторник врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има на повеќе места низ Македонија, па така понекаде и во градовите се очекува формирање на мала снежна покривка.
На планините и на Скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка (до вторник наутро и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).
Од вторник ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.
Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.
Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Пред нас е значително постуден период и вистинска зима, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




