27 Ноември, 2024
0.0273

ОД ВОЛОНТЕР КАЈ БАЈДЕН ДО ЛИДЕР НА СИРИЗА, СЕ ЧЕКА УШТЕ ЕДЕН КРУГ: Политичкиот пат на Стефанос Каселакис

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Случувањата во трката за лидер на левоориентираната партија СИРИЗА во Грција се бурни, особено откако еден од кандидатите, Никос Папас рано утринава по средбата во Парламентот, ја објави својата поддршка за Стефанос Каселакис за вториот круг од претседателските партиски избори.

И Двајцата испратија порака за единство.

-Минатата недела го направивме првиот чекор. Денес, со Никос Папас го правиме вториот. Во недела го правиме третиот чекор, за прогресивна влада во државата.

Зборуваа 150.000 луѓе. Ги слушаме.

Ја градиме партијата, со суштинско учество и одлучување на сите нивоа, со регионално организирање и искористување на сите раководни лица. Ги активираме мрежите на фракцијата.

Ја создаваме патриотската, модерна, владејачка партија, објави Каселакос на Твитер.

Конечните резултати од првиот круг на претседателските избори на СИРИЗА се следни:

Стефанос Каселакис: 44,91% (66.156 гласови)

- Ахциоглу Ефи: 36,18% (53.292 гласови)

- Цакалотос Евклид: 8,93% (13.156 гласови)

- Никос Папас: 8,68% (12.787 гласови)

- Цумакас Стефанос: 1,3% (1.917 гласови)

35-годишниот прогресивен кандидат за претседател на СИРИЗА добива огромна поддршка откако Алексис Ципрас објави дека нема да се кандидира. Роден во Маруси на 29. март 1988 година. Неговото семејство е по потекло од Ханија. На 14-годишна возраст го освоил сребрениот медал на математичкиот натпревар Архимед на Грчката математичка асоцијација. Дипломирал економија на Универзитетот во Пенсилванија. За време на студентските денови, тој бил волонтирал за актуелниот американски претседател Џо Бајден за време на претседателските прелиминарни избори на Демократската партија во 2008 година.

Во 2009 година е ангажиран и „одделот за управување со ризик“ на Голдман Сакс, а потоа работи  во тинк-тенкот на Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Подоцна ја основал бродската компанија Свифт Булк.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда

СЕНДВИЧИ И ЈАБОЛКИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: „Ние сендвичарите помагаме колку можеме“ - Вучиќ со работниците

СЕНДВИЧИ И ЈАБОЛКИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: „Ние сендвичарите помагаме колку можеме“ - Вучиќ со работниците

Општа тепачка во српското Собрание

Општа тепачка во српското Собрание