18 Декември, 2025
0.0694

ОД ЗАДУТРЕ ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП: Бесплатна за хронично болните и повозрасните, за останатите цената е 800 денари

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2020 08:09

Добивај вести на Viber

Во теков на викендов се прави дистрибуција во пунктовите на здравствените домови и центрите за јавно здравје на вакцината против сезонскиот грип, а вакцинацијата ќе почне од вторник. Здравствените власти информираат дека во овој период, кога корона вирусот е во фаза на широка распространетост, добро би било граѓаните да се заштитат барем од сезонскиот грип, кој исто така е сериозно заболување и може да направи големи компликации.

-Сведоци сме изминатите години дека имаше многу граѓани со хронични заболувања, кои поради заразата со сезонски грип имаа сериозни компликации. И од сезонскиот грип имаме доста смртни случаи, се разбира никако не може да се спореди со корона вирусот, кој е многу поопасен и посмртоносен, но сепак, сезонскиот грип знае да направи и миокардити и други тешки компликации, а се случува да доведе и до смрт. Затоа е добро, граѓаните да се вакцинираат во што поголем број. Ние советуваме тоа прво да го направат оние кои имаат хронични заболувања, посебно луѓето кои имаат ХОББ, дијабетес, срцеви заболувања и така натаму, и секако повозрасната популација, над 65 години. За нив оваа вакцина, како и секоја година е бесплатна, исто како и за трудниците и за децата од шест месеци до 5 години. За останатите граѓани, вакцината оваа година ќе чини 800 денари, велат за Фактор, епидемиолозите од повеќе градови во земјава.

Инаку, Министерството за здравство набави 40.000, кои ќе бидат бесплатни за ранливите категории граѓани, како и дополнителни количини за останатите кои ќе сакаат да се вакцинираат против сезонскиот грип.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери