ОД ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ДО НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ЗДРАВСТВО: Колку „тежи“ Гоце Чакаровски?
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2018 06:30
Од заменик министер за здравство, Битолчанецот д-р Гоце Чакаровски стана Национален координатор за здравство.
Владата на седницата му даде зелено светло на Чакаровски кој е дел од владината реконструкција.
Кој е Гоце Чакаровски ?
Чакаровски завршил Медицински факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, а на истиот факултет специјализирал гинекологија и акушерство.
Од неговата биографија се забележува дека има доста големо работно искуство.
– Шеф на родилна сала при ГАО Клиничка болница Д-р Трифун Пановски, Битола
-1995- Специјалист по гинекологија и акушерство Клиничка болница Д-р Трифун Пановски, Битола
-1988-1995 Доктор по општа медицина во итна медицинска помош во здравствен дом Битола
-1987-1988 Доктор по општа медицина во с. Старавина
Чакаровски во периодот 1995-1997 бил Вд. Претседател на самостоен синдикат на здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија. Од 1993-1995 Заменик претседател на лекарско здружение на медицински центар – Битола а во 2012- Претседател на Лекарска комора на Клиничка болница Д-р Трифун Пановски, Битола.
Тој е кадар на СДСМ уште од 2009 година.
Каков имот пријавил во Државна комисија за спречување корупција?
На свое име докторот пријавил гаража и моторно возило „Мазда“ со вредност од 184.500,00 денари стекната преку договор за купопродажба.
Од личен имот Чакаровски прикажал денарски депозит од 300 000 денари а има и кредит на лично име од 100 000 денари.
Од заеднички имот новиот Национален координатор за здравство пријавил стан во Битола од 75 м2 кој го стекнал со договор за купопродажба.
И.С.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




