19 Декември, 2025
0.1188

Одбележани дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

Објавено во: Македонија 10 Август, 2025 12:50

Добивај вести на Viber

Со положување цвеќе пред споменикот подигнат во чест на загинатите бранители во Волково, Општина Ѓорче Петров денеска беа одбележани 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа на 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. 

Венци со цвеќе пред споменикот на паднатите бранители во село Волково положија делегација на Влада предводена од министерот за правда Игор Филков и министерот за дигитализација Стефан Андоновски; делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев; делегација на Претседателот на Република Македонија и делегација од Општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски и Советот на Општината, делегација од МВР, Единица за брзо распоредување, од Полициската станица Ѓорче Петров.

Во знак на длабока почит и трајно сеќавање присуствуваа и положија цвеќе и членови на семејствата на загинатите бранители, како и бројни делегации, меѓу кои и на Здружението на бранители на Македонија и Здружението на борци на Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, порача дека денес се навршуваат 24 години од херојската жртва на Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски, храбрите македонски бранители кои ги положија животите за татковината.

- Поминаа 24 години, но тагата не стивна, таа се уште живее во срцата на нивните најблиски. Тоа е болка што ја чувствуваме сите, како луѓе и како народ, болка што прерасна во национална гордост. Тие не се само имиња – тие се нашата колективна совест, нашиот завет и нашиот обврзувачки спомен, порача Стојкоски.  

Во нивна чест свежо цвеќе претходно беше положено и пред споменикот на херојот Томислав Настевски во Ѓорче Петров.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

По повод 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, премиерот Христијан Мицкоски објави порака дека „Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело“.

-Почит и слава за хероите од Љуботен. Само со вистина, почит и искрена желба за помирување можеме да изградиме општество каде вакви трагедии нема да се повторат. Нека е вечна нивната жртва за татковината. Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело, напиша претседателот на Владата на Фејсбук. 

На 10 август 2001 година, на патот кон месноста Љуботенски Бачила со воено товарно возило, при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

На овој ден му се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при оружен напад врз полициска патрола. 

Се огласи и Стојанче Ангелов, кој сподели сведоштво на еден од бранителите.

ЗАСЕДАТА КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА

На денешен ден 2001-та кај месноста Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини поставени од УЧК.

Од силната експлозија животот го загубија:

Ивица Златевски (24)

Томислав Настевски (27)

Марјанчо Бошковски (28)

Раде Јанковски (32)

Томе Бадаровски (33)

Бранко Јанев (36)

Томе Димовски (37)

Гоце Чанкуловски (39),

сите припадници на резервниот армиски состав од гарнизонот Скопје.

Повеќемина од преживеаните се здобија со тешки рани и повреди.

За да го зачуваме овој тажен настан во нашата македонска колективна меморија, го снимивме сведоштвото на Зоран Китановски, тогашен резервен армиски капетан, кој ја предводел групата и бил во камионот кој буквално летнал во воздух. Слушнете го неговото траорно сведоштво за овој крвав настан.

На преживеаните но повредени бранители кои биле во камионот им посакувам колку може подобро здравје и долг живот, за жал еден од нив почина.

На загинатите херои, нека им е вечна славата!

Линк од видеото во коментар. Вознемирувачка содржина.“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот