Одбраната на Сеад Кочан поднесе барање за укинување на мерката притвор
Објавено во: Македонија 12 Март, 2017 19:41
Адвокатскиот тим на бизнисменот по кој се трага со меѓународна потерница поднесе барање за укинување на мерката притвор за Сеад Кочан.
Адвокатот на Кочан Никола Додевски соопшти дека Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, и покрај поднесената Ургенција од одбраната не го доставил предметот на осомничениот Сеад Кочан на одлучување до Апелацискиот суд Скопје по жалбата на одбраната против Решението за определување мерка притвор, со што беше оневозможено Апелацискиот суд да донесе одлука по жалбата на одбраната
„Со оглед дека преклузивниот рок во кој Апелацискиот суд беше должен да донесе одлука, истече во 17:20 часот, одбраната веднаш поднесе Барање до Кривичниот совет да донесе решение со кое ќе се стави вон сила Решението за одредување мерка притвор, ќе се укине притворот на осомничениот Сеад Кочан и ќе се прекинат сите дејства преземени од МВР Скопје. Сето ова поради фактот дека Решението не може да произведува правно дејство кога е изминат рокот за донесување одлука по жалбата, а во кој рок предметот не е ниту доставен до Апелацискиот суд“, соопшти Додевски.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




