05 Декември, 2025
0.0276

Одлична оценка за Европскиот стабилизациски механизам

Објавено во: Свет, Финансии 09 Октомври, 2012 09:52

Добивај вести на Viber

Меѓународната агенција Мудис му даде максимална оценка-Ааа на главниот спасувачки инструмент на еврозоната, Европскиот стабилизациски механизам, што вчера и официјално профункционира, пренесуваат медиумите.Сепак, Мудис оваа оценка ја пресмета со негативна перспектива, односно способноста на механизмот да ги исплати идните долгорочни заеми, што ќе ги склучи. Ова значи дека Мудис на среднорочен план може и да ја намали оваа своја оценка. Негативната перспектива доаѓа од тоа што сите земји членки на механизмот имаат исто негативна перспектива, со исклучок на Финска. Нејзиниот придонес во механизмот е едвај 1,8%.Три држави се клучни Германија, Франција и Холандија, имаат максимална оценка од Ааа, но таа е пресметана со негативна перспектива. Нивниот придонес за механизмот е соодветно 27,1 проценти, 20,4 проценти и 5,7 проценти. Европскиот стабилизациски механизам e клучен чекор за изградба на одбранбен ѕид на еврозоната во време на должничката криза која монетарниот блок го бутна во рецесија. Има капацитет за доделување заеми од 500 милијарди евра и треба да го замени Европскиот фонд за финансиска стабилност. Двата спасувачки инструмента ќе опстојуваат до јуни 2013 година, а нивната вредност може да достигне до 700 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена