ОДЛИЧНА ШАНСА ЗА РАБОТА: Оваа агенција нуди плата од 2300 евра, бакшиш-минумум 600!
Објавено во: Мои пари 16 Август, 2016 09:53
Швајцарска комапнија за туристички речни бродови „Viking River Cruises“ бара работници на речни бродови кои пловат во Европа, а платата е до 2300 евра.
Кандидатите кои ја добијат работата, може да очекуваат Швајцарски договор за работа кој на вработените им обезбедува: плата и бакшиш, пензиски фонд, здравствено осигурување, детски додаток, два месеца работа и две недели платен годишен одмор.
Оваа компанија бара работници за позицијата собраки, кувари, помошник работник и келнери/келнерки.
Во зависност од позициите и занимањата, платата се движи од 1150 до 2300 евра со минимален бакшиш од 600 евра.
Како услови за конкурирање за овие позиции се наведува помеѓу останатото и работно искуство од најмалку две години на таа позиција во хотел со четири и повеќе ѕвезди или на брод, како и задолжително познавање на англиски јазик.
Повеќе за оваа компанија може да видите овде!
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





