Реновирање бања
Одлуката која ми заштеди време, нерви, а долгорочно и пари
Сакате да го разубавите вашиот дом со нови плочки помодерни, но не сакате да ви се повтори искуството од минатиот пат.
Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2016 09:20
Плочките брзо да се оштетат, мајсторот да ви откаже, плочките да не бидат убаво наредени, бањата да не биде како што сте замислувале. Потоа да преправате и да помине долг временски период во кој ќе изгубите време и нерви, а на крај сето тоа да ве чини многу повеќе од првично планираното. Сиромавиот двапати плаќа! А неинформираниот трипати!

А се може да биде поинаку!
Да се потпрете на компанија од доверба, која целиот процес ќе го осмисли, испланира и на крај реализира, а Вие многу брзо да добиете убава бања, каква што отсекогаш сте сонувале. А на долг рок и есапот да ви излезе позитивен! Тоа е и причина зошто 25 година наназад голем број на луѓе и компании од Македонија реновирањето на своите бањи, тоалети, и други простори го доверуваат токму на компанијата за керамички плочки КераПро http://kerapro.mk/. Официјални застапници се на реномираната компанија Panaria како и на Cottodeste, Lea, BluStyle, а во својата понуда вклучуваат и најразлична плочки од различни стилови, како на пример керамички плочки со техно елементи, авангардни, со имитација на дрво, камен и друго!

Оваа компанија ги нуди најубавите плочки во градов, има четири професионални архитекти со долгогодишно искуство кои можат да решат најразлични проблеми, и секогаш да дадат креативни предлози, да посочат искусни мајстори и да обезбедат техничка поддршка при изведбата.

Просторот осмислен и дизајниран од архитектите на КераПро, независно дали станува збор за бања, ходник, кујна или пак за екстериер ќе ви овозможи да се чувствувате удобно и функционално, а истовремено визуелно да го задоволи вашиот стил. Бањата да биде простор каде ќе можете да се опуштите, да здивнете од напорното секојдневие. И повторно и повторно, кога ќе влезете во неа да се воодушевувате, и гласно да констатирате “колку е убава мојава бања” како што знаат да изговорат клиентите на салонот за керамички плочки КераПро! 
Професионални архитекти брзо и ефективно ќе ја испланираат целата бања, ќе споделат корисни совети врз основа на своето долгогодишно искуство, како бањата да изгледа поголема, пространа, потопла или хармонична, , или едноставно да ви помогнат да биде таква каква што Вие сакате. Јавете се на 02 307 4714, прашајте на info@kerapro.com.mk, или информирајте се преку веб страната http://kerapro.mk/
Плочките купени траат со децении, така што ако на прв поглед цената ви е проблем имајте предвид дека поевтините плочки многу е веројатно побрзо да се скршат или оштетат. Убавата бања претставува долгорочна инвестиција која ќе ви овозможи многу мир и спокојство, и среќни моменти за целото семејство.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




