19 Декември, 2025
0.1854

„ОДОБРЕНО БАРАЊЕТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА КОНТРОЛОРИ“: Тасевски потврди дека одлуката за штрајк во М-НАВ е во мирување

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2025 10:49

Добивај вести на Viber

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди претседателот на ССКЛМ Александар Тасевски.

- Тоа што го баравме се придвижува, одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места и број на извршители треба да постојат - изјави Тасевски.

Сепак, најавува дека ќе го оспорат последниот конкурс за вработување за кој веќе реагираа во предупредувањето за штрајкот. 

- Не застануваме тука ќе продолжиме да бараме професинализам. Има неправилности и во последиот конкурс, ние повторно дадовме шанса, но очигледно УО нема намера да застане - вели Тасевски.

ССКЛМ преку известување до раководството на М-НАВ на 16. минатиот месец побара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикаа да се пристапи кон итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, а во спротивно најавија реактивирање на штрајкот денеска.

Синдикатот и во известувањето реагираше последниот оглас за нови вработувања  во М-НАВ, за кои оцени дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Побара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши  преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани  вработени како и одделенски  реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар. 

Раководството на АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ, пак, пред три дена преку соопштение објави дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација.

Според М-НАВ, со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.

Како што посочија, се прават огромни напори да се стабилизира компанијата која со години била предмет на несериозно и неодговорно раководење.

- Се преземаат чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје, во координација со Владата на Република Северна Македонија, во  текот на 2025 година доби согласност од Министерството за финансии за вработување на високо стручен кадар специјализиран за потреби на давање воздухопловно навигациски услуги.  

Ќе се вработуваат високо образовани и стручни кадри  од следните профили: четири метеоролози–прогностичари, еден метео набљудувач и еден инженер за сајбер безбедност.

Дополнително заради зголемен обем на работа во Секторот за воздухопловна навигација и планирани генерациски смени во одделението за Обласна контрола на летање, М-НАВ ад Скопје ќе вработи и школува шест контролори на летање во некој од Европските центри за школување на ваков кадар кој ќе биде избран на тендер - информираше -М-НАВ.

Според раководството,  има резултати од реорганизацијата и промената во пристапот на менаџирање со кадрите, а во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти. 

За шест месеци се реализирани 133.474 летови за разлика од истиот период лани кога се реализирале 119 972 летови вклучувајќи ги и летовите до и од Скопје и Охрид.


Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти