19 Декември, 2025
0.0438

ОФИЦИЈАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: За нова година стабилно, ведро, и сончево, по котлините со магла!

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2024 08:40

Добивај вести на Viber

За време на новогодишната ноќ 31 декември 2024 ноќта кон 1 јануари 2025, како и на првиот ден од новата 2025 година, односно на 1 јануари (среда) и официјално ќе имаме стабилно,  суво, ведро и сончево време насекаде во Македонија, особено на повисоките населени места  и на планините, како и на Скијачките центри,  додека по котлините, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла  и на ниска облачност, особено во ноќните  и во претпладневните часови, па така во местата со магла  и со ниска облачност температурата преку ден ќе остане пониска, вели метеорологот Попоски.

И во Скопскиот регион во истиот период ќе имаме ведро и сончево време. Ќе биде претежно тивко, па така особено во ниските предели од котлината ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Токму ова ќе услови на планинските места  и на Скијачките центри снежната покривка постепено да се намалува.

Во Скопје на првиот ден од новата 2025 година (среда) наутро температурата ќе се спушти до околу -2 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу 8 степени“, напиша тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот