Официјално ОНЕ.ВИП е името на новиот мобилен оператор!
Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2015 19:36
ОНЕ.ВИП е новото име на двата мобилни оператори кои ќе се спојат во новоосновано друштво со ограничена одговорност.
Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврдила дека концентрацијата на двата оператори може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Телеком Австрија Групацијата на 22 октомври најави договор со Телеком Словеније Груп за спојување на нивните подружници Вип оператор и Оне а неодамна и официјално потпишаа Договор за спојување.
Предвидено е Австрија Групацијата да има 55% и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније Груп ќе поседува 45%. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




