18 Декември, 2025
0.0557

Официјално: Тројца обвинети за убиството на Немцов

Објавено во: Свет 16 Март, 2015 18:14

Добивај вести на Viber

Официјални обвиненија се поднесени против Рамзан Бахаев осомничен за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, објави извор запознаен со ситуацијата, пренесе Интерфакс. Изворот прецизира дека истражните дејствија биле одржани уште во петокот.

Така официјални обвиненија се упатени против тројца (Бахаев, Заур Дадаев и Анзор Губашев) од приведените пет лица за убиството. Против Шагид Губашев се очекува да бидат покренати обвиненија денеска

Меѓу уапсените е и Тамерлан Ескерханов. Претходно петмината поднесоа жалба за апсењата.

Заур Дадаев е главниот осомничен за убиството на Борис Немцов на 28 февруари, како главен мотив се посочува навреда на исламот. Тој, сепак, се откажал од целосните признанија кои ги направил, и поднесе жалба за апсењето. Член на Кремљлскиот совет за човекови права соопшти дека Дадаев „веројатно признал при тортура“. Андреј Бабушкин додаде дека видел „бројни рани“ врз телото на главниот осомничен за убиството на Немцов за време на посетата во затворската ќелија во Москва.

Потсетуваме дека поранешниот руски вицепремиер и опозиционер Борис Немцов беше застрелан на 28 февруари доцна во ноќта на Москворецки мост во центарот на руската престолнина.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел