17 Декември, 2025
0.0702

Оглас за отворање на нови е-продавници во Македонија

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2013 13:15

Добивај вести на Viber

Оглас за избор на најдобри е – продавници, објави Министерството за информатичко општество и администрација. Најдобрите претприемачи кои ќе победат со своите бизнис планови ќе добијат веб страница и бесплатно хостирање во времетраење од една година.

Петте веб продавници кои ќе покажат најдобри резултати во работата во текот на првата година ќе бидат дополнително наградени бесплатно хостирање во втората година и дополнителен електронски каталог за 50 производи.

Право да конкурираат имаа сите државјани на Македонија и правни лица регистрирани за вршење трговска дејност во Централниот регистар.

Бизнис плановите ќе бидат бодувани според следните критериуми: оперативен план, дистрибуција и цени, маркетинг план, проекција на финансиски план, иновативност на идејата, ризици, извор на финансирање и практичната изводливост на идејата.

Изборот на најдобрите бизнис планови ќе го изврши комисија составена од претставници на бизнис коморите, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за економија и експерти. Комисијата ќе го следи и работењето на веб продавниците во текот на првата година.

Заинтересираните ќе треба до Министерството за информатичко општество и администрација да достават копија од лична карта за физичко лице или документ за регистрирана дејност за правно лице, формулар за искажување интерес, изјава за искажување интерес и бизнис план. На конкурсот може да се аплицира најдоцна до 15 јули годинава.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје