Добивај вести на Viber
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави оглас за давање под закуп на 5.670 хектари државно земјоделско земјиште. Земјиштето се наоѓа во Струмица, Гевгелија, Делчево, Валандово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Неготино, Крива Паланка, Штип, Крушево, Демир Хисар, Кичево, Охрид, Чаир, Кратово, Македонски Брод, Виница, Карпош, Гостивар и Тетово.
Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Ако аплицираат трговци поединци, за нив услов е земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност, додека странските правни лица имаат право да учествуваат ако имаат регистрирано подружници во Македонија.
Земјиштето за подигање на маслинарници се издава на период до 50 години, а за долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години. За спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, површините ќе се даваат под закуп до 30 години, а за рибници до 20 години. Земјиштето за одгледување на други земјоделски култури и за ливади ќе се дава под закуп на 15 години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: