18 Декември, 2025
0.0362

Огранокот на Ал Каеда во Јемен подготвува напади во САД и западните земји

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2015 10:11

Добивај вести на Viber

Крилото на терористичката организација Ал Каеда во Јемен повика на напади во стилот на „волци осаменици“ во САД и во западните земји, во видео снимка која беше поставена по само неколку дена откако групата ја презеде одговорноста за нападите во Париз. Еден од лидерите на групата, Насер бин Али ал Анси, ги повикал своите приврзаници да отпочнат со „индивидуален џихад“, наведуваат набљудувачките групи на „SITE“, организација која онлајн ги следи исламските екстремисти. „Подготвени сме да ги уништиме непријателите на Алах. Ќе ги поттикнеме нашите верници секој индивидуално да го прави тоа“, истакнал Анси. Во претходна видео снимка, Анси соопштил дека групата на Ал Каеда која финкционира на Арабискиот полуостров (AQAP), стои зад нападите врз францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ по што започна тридневно крвопролевање во кое загинаа 17 лица. Западните влади велат дека за сега се уште не е јасно дали AQAP дирекно раководела со нападите, иако се верува дека еден или двајца од напаѓачите поминале извесно време со џихадистите во Јемен. Во последното обраќање, објавено во вид на интервју, Анси предложил напади во стилот на „волци осаменици“, бидејќи така може да се направи поголема штета. Тој додал дека доколку се покаже дека тоа не е практично, приврзаниците ќе треба да ги напуштат западните земји, пред да бидат живи закопани според законите на „неверниците“.    

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“