„ОХО продукција“ и режисерот Игор Стоименов ќе го снимаат филмот за Тоше Проески со копродуцент од странство
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 10:10
Единствениот апликант на конкурсот „ОХО продукција“ и Игор Стоименов, режисерот на познатата серија „Беса“, ќе го реализираат играниот филм за Тоше Проески со копродуцент од странство. Неофицијално дознаваме дека тоа е продуцентската куќа на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ.
Средствата за оваа година се веќе исплатени во декември 2024, прeдвремено за соодветно планирање и реализација на проектот, информираат од Министерството за дигитална трансформација.
Седум месеци по бомбастичната најава на Владата дека ќе се снима игран филм, документарец и ТВ серија за Тоше Проески, Македонската радиотелевизија (МРТ) како носител на проектот првпат откри детали:
- Го чекаме одговорот на странскиот партнер, затоа не можеме да го соопштиме неговото име. Како што е познато имаше неколку пати повик за избор на копродуцент. Во декември минатата година на тој повик се јави само еден апликант. Го продолживме рокот на конкурсот за да ја зголемиме транспарентноста и конкурентноста. На второто продолжение се јавија двајца апликанти. И двајцата имаа непотполни докумнети и им побаравме да ги достават материјалите што им недостасуваа. И на третиот повик се јави само еден апликант. Врз основа на тоа, како единствен апликант се избра „ОХО продукција“ и Игор Стоименов како предводник на кретаивниот тим. Стоименов е истакнат во својата работа, со успешни проекти зад себе. Еден од нив е и проектот „Беса“ – ни изјави Марјан Цветковски, директор на МРТ.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека ќе се одвојат околу 95 милиони денари од државниот буџет, преку Министерството, за реализација на проектот кој ќе опфати игран филм, документарец и ТВ-серија за Тоше Проески, со носител Македонската радиотелевизија (МРТ) и копродуценти од Балканот.
- Целиот процес и Конкурсот за избор на продукции го води МРТВ. Истиот беше објавен во февруари 2025, со реализација во наредните две години. Снимањето треба да започне кон крајот на оваа или наредната година. Подготовките веќе се во тек и проектот е планирано да се одвива во наредните две години. Средствата за оваа година се веќе исплатени во декември 2024, прeдвремено за соодветно планирање и реализација. Средства се предвидени и во Буџетот за 2025, а се планираат и средства за 2026, кои ќе се исплаќаат според извештаите за реализација и потребите на проектот – нѐ информираа од Министерството во одговорот што го добивме од таму.
С.А.Н -А.К
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




