26 Ноември, 2024
0.0290

ОИЛКО држи лекции! Колкава е добивката на транспортната компанија?

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Специјализираната транспортна компанија ОИЛКО има одличен трет квартал. Благодарение на финансиските приходи од 837.000 евра и оперативната добивка од 444.000 евра друштвото, во кое најголем акционер е „Макпетрол“ првите девет месеци книжи профит од 1,2 милиони евра

Транспортната компанија специјализирана за патен товарен превоз на горива ОИЛКО годинава во корона услови бележи одлични финансиски резултати, покажуваат финансиските извештаи за првите девет месеци година. Имено, ОИЛКО е во добивка од 1,2 милиони евра што во споредба со истиот период лани е само за 10 отсто послаб резултат и тоа во услови кога заради глобалната корона пандемија многу бизниси меѓу кои и патниот транспорт беа во мирување повеќе од два месеци, а со големи рестрикциии се одвиваат во останатиот период од март годинава досега.

Финансиските приходи се клуч на успехот!

Во првите девет месеци ОИЛКО има приход од 4,8 милиони евра што е за 14 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Од тоа падот на домашниот пазар , кој има доминантно учество во приходната структура, изнесува 14 отсто, а приходите се остварени со ниво од 4,5 милиони евра. Оперативните расходи се на ниво од 4,4 милиони евра и во споредба со лани се за 6 отсто пониски.

Оперативната добивка на друштвото за овој период е 440.000 евра и е преполовена во споредба со истиот период лани. Сепак финансиската состојба на друштвото е далеку од лоша. Напротив. Благодарение на финансиските приходи за последните три месеци ова друштво остварило приходи од вложувања, заеми, камати, курсни разлики  достигнале солидни 837.000 евра што е за 54 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Финансиските приходи се резултат на дивидендата што компанијата ја доби за своите акции во „Макпетрол“ кој годинава исплати 2.000 денари дивиденда по акција. (ОИЛКО е најголем поединечен акционер во „Макпетрол“ и поседува 23 отсто од акциите со право на глас).

Со оглед на тоа дека компанијата нема речиси никакви финансиски расходи на крај добивката на друштвото за овој период изнесува 1,2 милиони евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро