Кој ќе формира Влада? И не е важно ако имаш акции во „Комерцијална банка“
Објавено во: Финансии 23 Јули, 2020
Промет од 358.000 евра со акцијата на „Комерцијална банка“ со просечна цена од 6.000 денари на 13 јули два дена пред изборите. Ова ги раздрма трејдерите и инвеститорите на нашиот пазар на капитал. Од тогаш до сега за шест трговски дена прометот со таа акција е над 387.000 евра во ценовна маргина од 6.000 денари до 6.100 денари. Дали ова се должни на очекувања за позитивни резултати на најголемата македонска деловна банка (според актива) во вакво „корона невреме“ или има и нешто друго?
Акцијата на „Комерцијална банка“ е мотор на пазарот на капитал во време на предвремените парламетарни избори. Прометот со таа акција во трговската седмица од 13 јули до 17 јули е речиси половина милион евра и тоа претставува речиси половина од целиот промет на Официјалниот пазар на берзата. Значи фактите покажуваат дека: оваа недела акцијата на „Комерцијална банка“ е појака и од државните обврзници! Кажано со берзански речник: инвеститорите повеќе во таа изборна трговска седмица веруваат во акцијата на „Комерцијална банка“
Дали ова се должни на тоа што очекуваат добри резултати во првото полугодие во вакво „корона време- невреме“ или има и нешто друго? Одговорот веројатно ќе го почекаме уште некое време.
Хронологија на еден подем
Понеделник 13 јули. Ден што не ветува ништо посебно. Гром од ведро небо. Промет со акцијата на „Комерцијална банка“ на 13 јули 358.000 евра. Истргувани се 3.668 акции. Пазарната просечна цена е 6.000 денари за акција. Дали има врска со текстот на „Фактор“ достапен на следниот линк https://faktor.mk/koj-stanuva-ramnopraven-vo-fershped-so-tatkoto-i-sinovite-nakovi ќе покаже времето. Дали станува збор за решавање на ситација и ослободување на резервации? Ќе видиме наскоро.
До крајот на таа седмица, изборна во која се решаваат клучни политички прашања зашто од тоа ќе зависи составот на нова влада, акцијата на „Комерцијална банка“ стигнува до промет од половина милион евра. Значи оваа акција е потргувана од државните обврзници.
Од тогаш (13 јули) до сега (заклучно со 22 јули) прометот со таа акција во класично тргување е 387.000 евра. Станува збор за шест трговски дена во кои просечната пазарна цена е од 6.000 денари до 6.100 денари. Наскоро оваа банка ќе го објави извештајот за вториот квартал и ќе видиме дали имало основа за исклучително високиот обем на тргување со таа акција во изборен период.
На овој линк се достапни повеќе информации за првиот квартал на најголемата деловна банка во земјава https://faktor.mk/koja-banka-za-90-dena-napravi-10-milioni-evra-neto-prihod-od-kamati
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.