ОЈО ГЕВГЕЛИЈА ОТВОРИ ПОСТАПКА: Турски државјанин се обидел да прошверцува златен накит вреден 32.000 евра
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024
Турски државјанин се обидел да прошверцува златен накит вреден 32.000 евра за што ОЈО Гевгелија отвори постапка.
По предлог на надлежниот јавен обвинител на осомничениот странски државјанин му е определен осумдневен притвор поради опасност од бегство.
Основното јавно обвинителство Гевгелија повело постапка против турски државјанин откако кај него биле најдени неколку парчиња златен накит вреден околу 32.000 евра, кој не го пријавил при влез во државата на граничниот премин „Богородица“.
Постапката, како што соопштија попладнево од Обвинителството, е поведена бидејќи постои основано сомнение дека државјанинот на Турција со привремено престојувалиште во Франција сторил кривично дело криумчарење според член 278 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).
„Осомничениот, на 11 септември, на влез во државава на граничниот премин ‘Богородица’, како сопатник во автомобил ‘ауди’ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена стока од поголема вредност, односно седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама и вредни 1 977 129 денари кои не ги пријавил“, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Поради опасност од бегство и околноста дека неговото присуство во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди на друг начин, на предлог на надлежниот јавен обвинител на осомничениот странски државјанин му е определен осумдневен притвор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.