ОЈО: Инспектор од Општина Битола изградил дивоградба во Дихово
Објавено во: Македонија 01 Август, 2025 21:41
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење според член 244-а став 1 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот раководител во општинскиот инспекторат во Битола, во временскиот период од октомври 2013 година до март 2016 година, во атарот на селото Дихово, надвор од градежен реон, односно во местото викано „Трновски ливади“, на земјоделско земјиште во сосопственост на повеќе физички и едно правно лице изведувал градба и изградил помошен објект на три ката со вкупна површина од 193 м2“, велат од ОЈО.
Објектот го изградил без претходно да обезбеди согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно чл.51-а од Законот за земјоделско земјиште и без одобрение за градење донесено во постапка пропишана согласно чл.59 од Законот за градење, што е поткрепено и со соодветно вештачење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




