ОЈО НЕ МУ ДАДЕ ВРЕМЕ ЗА БЕГСТВО НА АТАНАСОВСКИ: Последниот директор од ВМРО ДПМНЕ на УБК оди во притвор
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2018 07:12
Пред полноќ јавноста дозна за притворањето на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски кој по смената во таа институција ја вршеше функцијата советник за безбедност на опозицискиот лидер Христијан Мицковски.
Имено, по распитот судот одлучи да му одреди 30 дневен притвор а „Здружување заради непријателска дејност“ е кривичното дело поради кое наследникот на Мијалков е во истражна постапка .
ОЈО постапи со приведување на Атанасовски по сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои во одбраната , како обвинети за инцидентите од крвавиот четврток, го посочија токму него како еден од организаторите на упадот во Собранието.
Ден пред да биде приведен Атанасовски, јавноста упати на апели токму тој да биде под лупа бидејќи би можел да се пушти во бегство.
Инаку токму тој не и дозволувашена јавната обвинителка Катица Јанева да влезе во тајната полиција и да земе податоци од системите за прислушување.
Сите детали за тоа кој е Владимир Атанасовски читајте ги ОВДЕ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




