ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024
Основното јавно обвинителство(ОЈО) отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет по допрен глас, еден ден откако премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница во одговор на пратеничко прашање објасни дека бил незаконски следен од безбедносни служби во текот на 2020 и 2021 година. Мицкоски вчера на собраниска седница за пратенички прашања рече дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, затоа што наводно бил лидер на паравоена формација.
Мицкоски претходно кажа дека обвинителството треба да истражи зошто бил следен.