Добивај вести на Viber
Со ножеви и моторни пили нападнати се вработени во Шумската полиција, кои добиле и сериозни повреди, пренесува преку социјалните мрежи заменик директорот на „Македонски шуми“, Кире Михаилов.
Тој укажа дека на територијата на ПШС „Бабуба" - Велес при акција во која е затекната поголема група дрвокрадци како нелегално сече, нападнати се и повредени шумски полицајци, по што била повикана и МВР и дежурен јавен обвинител.
Доцна синоќа Михаилов сподели дека напаѓачите се упасени и истите се изведени пред судија на претходна постапка.
- Помина времето на неказнивост и шерифизам во МАКЕДОНИЈА, а дојде време во кое ќе завладее правото и правниот поредок.
Ветивме НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА, тоа и го спроведуваме на дело - напиша Михаилов на Фејсбук, во продолжение неговата објава.
Претходно на социјалите мрежи беше споделено дека нападот врз шумските полицајси бил навистина суров, во што биле вклучени и ножеви, но и моторни пили.
- Со ножеви и моторни пили нападнати и сериозно повредени наши колеги од Шумска Полициска Станица Велес од Велес.
Пред малку на територијата на ПШС „Бабуба" - Велес при акција во која е затекната поголема група дрвокрадци како нелегално сече, нападнати се и повредени наши колеги шумски полицајци, а во моментов на лице место се силите на МВР и дежурен јавен обвинител.
Тројца шумски полицајци се со повреди и веќе се во болницата во Велес, а заедно со нив на лице место е Митко Костадиновски - началник на шумската полиција на МАКЕДОНИЈА - пренесе Михаилов, при што во истата објава првично пренесе дека напаѓачите избегале, за подоцна да соопшти дека сепак сите се фатени.
- Ова е јасен сигнал дека во време на овие предновогодишни денови кога сите слават или се подготвуваат за прослави, нашите колеги од шумската полиција се на терен и максимално професионално се на ниво на своите задачи.
Ова нека биде указ на дрвокрадците дека помина времето КАКО ДО СЕГА и постојано, секојдневно нашите служби, без разлика дали се работи за празници, делници, викенди или што и да е, будно ќе ја следат состојбата на терен и никако нема да дозволат никакви криминални девијантни појави.
На колегите им посакувам што побрзо оздравување, а на криминалците им ветувам дека сите кои биле инволвирани, од прв до последен, ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат - напиша тој на Фејсбук.
Еве ја неговата обајва:
Фото: Принтскин/Фејсбук