28 Декември, 2024
0.0341

РАМИЗ МЕРКО БЕЗ ПАСОШ?! - ОБВИНИТЕЛСТВО БАРА ОДЗЕМАЊЕ И ЗАБРАНА ЗА ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА: му се суди во осум постапки

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот.

 Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.

Како што соопшти ЈОРСМ, надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

- Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението.

Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.

Можеби ќе ве интересира

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

„УШТЕ 9 ДЕЛА И НЕ МУ БЕГА ДОМАШЕН ПРИТВОР“: бурни реакции во јавноста по новото обвинение за Рамиз Мерко

„УШТЕ 9 ДЕЛА И НЕ МУ БЕГА ДОМАШЕН ПРИТВОР“: бурни реакции во јавноста по новото обвинение за Рамиз Мерко

НОВ ЕКСТЕМЕНО ЛАДЕН БРАН ПО НОВА ГОДИНА - синоптичарите најавуваат температури длабоко под нулата

НОВ ЕКСТЕМЕНО ЛАДЕН БРАН ПО НОВА ГОДИНА - синоптичарите најавуваат температури длабоко под нулата