OJО: Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2025 16:53
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”.
„Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот кривичен суд Скопје. Воедно, решението на Јавното обвинителство е донесено и заради обезбедување економичност и единственост на кривичниот прогон, со оглед на тоа што во истиот предмет за одредени осомничени се уште се води предистражна и истражна постапка и неопходно беше да се определи јавно обвинителство кое ќе постапува за овој кривично-правен настан. За решението е доставено известување до Основниот кривичен суд Скопје, а кочанското обвинителство е задолжено да ги предаде списите и доказите од овој предмет на Основното јавно обвинителство Скопје“, велат од ОЈО.
На 16 март годинава во пожарот настрадаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




