06 Октомври, 2024
0.0832

ОЈО СО ИСТРАГА ЗА ПЕТ ЛИЦА: Ова се делата за кои ќе се гонат...

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела - Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. 
Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело - Грабнување на малолетно лице. За четворица осомничени, кои веќе се наоѓаа во 48-часовен притвор, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка вечерва достави предлог за определување мерка притвор. Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените. 
На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен.

Можеби ќе ве интересира

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија