ОЈO ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА: Обвинителот ги проучува наводите од пријавата, по што ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2020
Oд Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијa за Фактор потврдуваат дека е пристигната кривична пријава за лица поврзани со Еуростандард банка.
„Истата е пристигната на 9.10.2020 година, а е распределена кај надлежен јавен обвинител на 13.10.2020 година. Обвинителот ги проучува наводите содржани во предметната пријава, по што ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката. Со оглед на краткиот период од распределување на предметот во работа, обвинителството нема детали што би можело да ги сподели со јавноста во оваа фаза“, велат од ОЈО
Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка.
„Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај“, соопшти НБМ.
фото МИА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.