19 Декември, 2025
0.0461

ОЈО ЗА ИВАНОВСКА: Постапуваме по приватна кривична пријава, поканата е испратена на 25 јули

Објавено во: Македонија 15 Август, 2025 13:43

Добивај вести на Viber

Против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија и актуелна кандидатка за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска била поднесена приватна кривична пријава во февруари годинава, информираат од Обвинителството.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18.02.2025 година и презема дејствија за да ги провери наводите. Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25.07.2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата“, соопштија од ОЈО.

Начинот на достава, односно преку полиција, бил избор на предметниот јавен обвинител.

„Испраќањето покани преку МВР не е невообичаена постапка и се користи често, бидејќи има проблем со редовност во достава од редовна пошта. Во конкретниот случај, начинот на достава е избор на предметниот јавен обвинител“, појаснуваат од Обвинителството.

Иако истрагата е водена од февруари, Ивановска ниту еднаш досега не била повикана на разговор во обвинителството.

Поранешната претседателка на ДКСК претходно информираше дека по 11 часа откако се кандидираше за градоначалник, ја побарала полицијата за да и врачи кривична пријава.

На Билјана Ивановска и затропала полиција на врата откако се кандидираше за градоначалник на Центар

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот