Добивај вести на Viber
Поттикнати од неколку закони со кои се кратат работничките права во Полска, околу 200.000 работници од сите краишта, ќе се соберат попладне во Варшава, во знак на протест.
На покана на трите главни синдикати, денеска се очекува полските работници да се соберат пред Парламентот и министрството за труд и таму да останат се до сабота.
Синдикатите бараат дијалог со Владата, разрешување на министерот за труд и социјална политика , повлекување на измените на Законот за работни и воведување на флексибилно работно време, зголемување на минималната плата и запирање на порастот на границата за пензионирање на 67 години.