18 Декември, 2025
0.0399

ОКТА донираше опрема за гасење на пожари на тешко пристапни терени

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2024 16:57

Добивај вести на Viber

Во рамки на својата континуирана соработка со противпожарните единици ширум земјата, ОКТА обезбеди специјална опрема неопходна за гасење на пожари на непристапни терени. Ваква опрема денеска ѝ беше донирана на територијалната противпожарна единица од Свети Николе, во чија околина во тек е справувањето со еден од најактивните и најголеми пожари кои ја зафатија нашата земја во изминатите неколку денови.

Донираната опремата се состои од специјални противпожарни средства - метални метли и грбни прскалки - кои се користат од страна на пожарникарите при активностите за спречување на ширењето и гасењето на пожари на особено непристапни терени, каде не може да се дејствува со противпожарни возила и друга механизација.

„Како и секогаш досега, така и сега за време на овие пожари, како компанија и секако како пожарникари сме подготвени да ја обезбедиме целокупната наша поддршка, во опрема, експертиза и директен ангажман, при справувањето со огнените стихии. Од искуство знаеме какви потреби имаат нашите колеги од противпожарната единица во Свети Николе, особено при гасењето на пожари на непристапни терени и затоа несебично ја понудивме нашата помош во опрема која ќе им помогне полесно да се справат со актуелниот пожар и сите евентуални вакви предизвици во иднина“, изјави командирот на противпожарната единица наОКТА, Влатко Панковски, на денешното примопредавање на дел од донираната опрема за противпожарната единица од Свети Николе. 


пр објава

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“