20 Ноември, 2024
0.0285

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ОКТА АД - Скопје, во рамки на својата долгорочна определба за општествено одговорно делување, повторно ја поддржа кампањата на Црвениот Крст на Град Скопје „Помислете на нас“ која ја промовира потребата за борба против гладот. Донираните средства ќе бидат наменети за набавка на основни прехранбени производи кои ќе бидат дистрибуирани до социјално најранливите категории граѓани. Компанијата активно соработува со Црвениот Крст повеќе од 15 години, континуирано придонесувајќи во различни хуманитарни иницијативи кои ги спроведува организацијата.

Кампањата „Помислете на нас” е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на храната, востановен во 1979 година од страна на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), кој ги поттикнува напорите за намалување на гладот и сиромаштијата на глобално ниво. Преку оваа соработка со Црвениот Крст, ОКТА ја покажува својата одговорност и грижа за заедницата во која делува, фокусирајќи се на поддршка на оние на кои им е најпотребна.

„Горди сме што ОКТА континуирано ја поддржува оваа важна кампања на Црвениот Крст и со својата донација придонесува кон зајакнување на грижата за ранливите категории во нашата заедница,“ истакна Антонио Велковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА. „Нашата цел е да направиме значајна разлика во животот на оние на кои им е потребна поддршка и заедно да градиме посилно и посолидарно општество.“

Со оваа иницијатива, ОКТА останува посветен партнер на Црвениот Крст и поддржувач на општествените иницијативи што имаат за цел да ја подобруваат благосостојбата на сите членови на заедницата.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада