„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија
Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2024
xnula.mk е новата е-продавница специјализирана за продажба на апарати за домаќинство и фитнес опрема од реномирани и светски познати брендови.
Доколку сакате брзо, безбедно и едноставно онлајн купување, кое ќе ви ги донесе најпосакуваните брендови директно до вашиот дом, и притоа ќе ви заштеди време, новата онлајн дестинација xnula.mk, ги нуди сите предности на онлајн купувањето. Тука ќе ги најдете сите детали за производите, услугите и тековните промоции, за уникатно корисничко искуство.
„xnula.mk е официјален увозник на Dyson и ги нуди сите новитети и иновативни решенија за вашиот дом. За прв пат во Македонија, ексклузивно во понудата се достапни и брендовите Ninja и Shark како и новитети од Yesoul и Ovicx – водечки брендови за фитнес опрема кои инспирираат здрав и активен животен стил. Наскоро, ќе се приклучат и брендовите Roborock и Dreame, кои ќе ја заокружат нашата палета со напредни решенија за одржување на хигиената во вашиот дом“ – истакнуваат од xnula.mk.
Од аспект на услугата, од xnula.mk се водат од трите основни вредности:
- Комфор и практичност при купувањето, со брза и бесплатна достава до сите дестинации во Македонија.
- Сигурност и гаранција, преку безбедни начини на плаќање и поддршка по продажбата, со гаранција за сите производи и достапност на резервни делови.
- Премиум брендови и квалитет: пристап до производи кои се одбрани за да ги задоволат највисоките стандарди во современиот животен стил.
Од xnula.mk веруваат дека купувањето треба да биде лесно, безбедно и пријатно – со врвен квалитет, грижа за клиентот и удобност. Нивната мисија е да постават нови стандарди за онлајн шопинг во Македонија и да изградат платформа што ќе се развива и понатаму, следејќи ги најновите трендови.
Откријте го светот на напредната технологија и фитнес опрема, која отсега ви е на дофат, брзо и едноставно на xnula.mk .
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.