20 Ноември, 2024
0.0303

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Со цел зголемување на зелените површини и во урбаните средини и поттикнување на помладите генерации да бидат активни учесници во заштитата на животната средина, денес две образовни установи во Штип, градинката „Сончогледи“ и основното училиште „Славејко Арсов“, беа хортикултурно уредени како дел од проектот ‒ „Пошумуваме заедно за позелено утре“ на dm.

Замислете ја сликата: група насмеани деца, со лопати и полни со ентузијазам, како заедно садат дрвца. Токму ова беше денешната глетка во дворовите на двете образовни установи во Штип, каде претставници на компанијата, заедно со децата од градинката и училиштето засадија речиси 400 нови садници.

Проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ е важна иницијатива за зачувување на природата и поттикнување на еколошката свест и меѓу најмладите. Оттука, целта на оваа активност е не само да се подобри животната средина, туку и да се поттикне љубовта и одговорноста кон природата кај децата од најрана возраст.

„Во рамките на овој еко-проект, денешната активност во Штип е одличен пример за тоа како соработуваме со најмладите во процесот на создавање на поодржлива и позелена иднина. Ние веруваме дека еколошката свест треба да се гради од најрана возраст, и затоа активно вклучуваме деца од образовни установи во садење дрвја и други еко-активности. Сигурни сме дека на овој начин го будиме интересот и љубовта кон природата кај најмладите генерации. Токму тоа е и пошироката цел на овој проект – да засадиме што повеќе дрвја, но и да всадиме здрави еколошки навики. ‒изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm дрогерие маркт.

Како дел од овој еко-проект на dm дрогерие маркт, минатата година за првпат беше организиран и реализиран ваков тип на урбано пошумување. Претставници од компанијата заедно со учениците од ОУ „Никола Вапцаров“ од Струмица го раззеленија училишниот двор, а оваа година во месец април со слични активности во кои беа вклучени и најмалите, беше хортикултурно уреден и дворот на градинката „Мајски цвет“ во Битола.

За потсетување, на 9 ноември, во рамките на проектот беа засадени повеќе од 300 нови садници во „Рајски парк“ во Скопје – о. Аеродром. Дрогерискиот ланец го започна овој проект во 2022 година, а преку своите досегашни активности засади околу 60.000 нови садници. До крајот на оваа сезона е планирана уште една голема акција, масовното пошумување кое ќе се случи оваа недела (24 ноември) во близина на езерото „Младост“ во Велес. За време на садењето доброволно ќе учествуваат вработени од компанијата dm, еколошки свесни граѓани и институционални партнери на проектот, со кои заедно ќе се пошумат43.000 садници на 18 хектари земја. До крајот на оваа година компанијата ќе достигне јубилеен број од 100.000 засадени дрвја преку проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада