20 Ноември, 2024
0.0344

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје е банка посветена на обезбедување финансиска поддршка за сите граѓани кои сакаат да ги остварат своите цели. Во кредитното портфолио на Банката е широк спектар на кредити за физички лица, станбени кредити наменети за купување недвижен имот, потрошувачки кредити, кредити за возила, онлајн кредит, еко кредити наменети за зголемување на енергетската ефикасност во домот, кредит со депозит и хипотекарен кредит, како и дозволено пречекорување на тековната сметка.

Со широк избор на кредити прилагодени на различни потреби и можности, Халкбанк нуди поволни услови кои се во согласност со финансиските планови на секој клиентбез разлика дали се работи за големи проекти или секојдневни потреби.

Па така, кај потрошувачките кредити, кои по правило се најбарани бидејќи средствата можат да се искористат на најразлични намени –тековни потреби, реновирање, образование, патување и други лични потреби, постојат повеќе понуди со различни услови, па секој може да одбере производ што најмногу му одговара. Потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата е со рок до 95 месеци, и максимален износ до 1.500.000 мкд. Кредитот е без трошоци за провизија за обработка на кредитот и провизија за предвремена ликвидација.

Тука е и  Онлајн кредитот со кој може да се обезбедат средства до 600.000 денари, при што со само неколку клика, во рок од неколку минути, на Вашата сметка ги добивате потребните финансиски средства. За да аплицирате за ONLINE кредит треба да сте корисник на електронско банкарство во Халкбанк АД Скопје и да сте примател на плата или пензија во банката. Каматната стапка е фиксна од 8,5% годишно, а рокот на отплата е до 84 месеци.

Идеални за стекнување свој дом се станбените кредити на Халкбанк. Наменскиотстанбен кредит обезбеден со полиса за  животно осигурување и  полиса од незгода може да се користи за купување стан или куќа, како и рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит. Кредитот е со рок на отплата до 360 месеци, почнувајќи од 3% фиксна каматна стапка за првите 5 години или почнувајќи од 3,4% фиксна каматна стапка за првите 10 години. Провизијата за обработка на кредитот е 0%.

Осигурителните полиси кои се вклучени кај одделни производи овозможуваат заштита на имотот на клиентот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Со Халкбанк АД Скопје секој чекор кон остварување на вашите финансиски цели е полесен. Без разлика дали сонувате за нов дом, автомобил или ви се потребни средства за остварување други планови, кредитите на Халкбанк се вистинскиот избор. 

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада