Олег Маленко: Недозволиво е туристи два и пол часа да патуваат од аеродромот до Охрид

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2023
Олег Маленко, познат стопанственик и сопственик на туристичка агенција од Охрид, реагираше на социјалните мрежи откако власта одлучи 45 дена да го затвори автопатот пред влезот на градот и сообраќајот да го пренасочи преку стариот локален пат.
Според Маленко, оваа одлука веќе му носи ненадоместлива штета на Охрид пред летната туристичка сезона и во својот статус на Фејсбук сподели информација дека туристи од самиот аеродром до градот патувале два и пол часа со автобус.
Ќе почнам од Најновата опструкција или непромислен потез од надлежните институции:
1. Затворање на главната артерија, а тоа е влезот во Охрид! Поточно делницата од Подмоље до Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кoj нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај во сезоната.
- Автобусите со туристи од аеродром до Охрид вчера патуваа два и пол часа! Авионскиот лет од Амстердам до Охрид трае два часа и триесет минути!
Авионите од Катовице и Варшава пристигаат за два часа!
Автобусите од Аеродром Охрид до Хотелите за 14-15 км пристигаат за два и пол часа!
Што е ова ако не Опструкција и намерно уништување на туризмот!?
2. Од 2014 година се гради Автопатот од Кичево до Охрид, сега сме 2023г. И Баш сега кога треба Секторот туризам да одработи во сезонава се сетија дека треба да ни го затворат патот сред сезона, зш се отепа од работа пролетва и есента!
Ова е за да влезе во учебници како не треба да се гради автопат!
3. Секоја Година се лиферуваат информации како езерото е загадено, имат змии, студена е водата, па има плажи скапо наплаќет, па нема плажи смрдено е скапо било и тн. можам до утре да набројувам“, реагира туристичкиот работник.
Можеби ќе ве интересира
Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра
ЌЕ НЕМА ДИЗЕЛ, НОВА ЗАКАНА ЗА СВЕТОТ? Најголемата европска рафинерија е во дефект, а ова се погнозите за наредните месеци

Албанија направи рекорден скок на посета од странци
Бесими: Најмногу екстра данок ќе платат фирмите од енергетскиот сектор и игри на среќа
