19 Декември, 2025
0.0451

Оливер Андонов планиран за директор на Јасен - Се подготвува ли сценарио?

Објавено во: Македонија 24 Април, 2017 17:08

Добивај вести на Viber

Оливер Андонов кој само еден ден беше министер за внатрешни работи се претпоставува дека е предложен за нов директорот на ЈП Јасен, каде се наоѓаат воени скривници во кои според Фокус ќе се стационираат државните функционери во „Пуч“ сценарио при кое би се апселе припадниците на опозицијата и сите критичари. Засега Андонов не потврдува дека е назначен на оваа функција бидејќи чекал официјална потврда, ниту пак има точни информации дали е навистина предложен.

„Не знам дали сум поставен за директор, кога ќе добијам документ дека сум именуван тогаш ќе можам да зборам, се дотогаш е се во сфера на шпекулации. Треба да видам, да идам таму да се јавам, некој можеби ме предложил, тие институции функционираат со Управен одбор. Кога ќе добијам таква одлука ќе коментирам“, изјави Андонов за Фокус.

Фокус во петокот објави дека дознава за организирана посета на специјално избран армиски и разузнавачки тим од страна на претседателот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на воено-инфраструктурните објекти во шумскиот резерват „Јасен“ која се случила пред Велигден. Средбата имала мисија за нивна подготовка за сместување на Груевски, Иванов и нивните семејства, за евентуално прогласување на воена состојба.

Во „Јасен“ се наоѓа бункер на поранешната ЈНА во кој Иванов подготвува терен за засолнување, доколку прогласи воена состојба под изговор дека се подготвува државен удар.

Воениот штаб и засолништето во „Јасен“ треба да му послужат на Иванов за командување со операцијата на апсење на „пучистите“ откако СДСМ и партиите на Албанците ќе изберат собраниски спикер и влада.

Со реализацијата на едно вакво сценарио, како дел од операцијата би се случиле и апсења, по примерот на Ердоган по ланскиот пуч во Турција. Ако се оствари ова сценарио, планот е прво да се уапсат 30-40 пучисти, меѓу кои и највисоките претставници на опозицијата, а потоа уште 300 или 400 други соработници на опозицијата од граѓанскиот и бизнис секторот и други јавни личности. Дел од сценариото е и контрола врз медиумите но и ограничувања на Интернетот и социјалните мрежи.

Извор: fokus.mk

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот