Оливер Спасовски од понеделникот е во својот дом во Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Ноември, 2020
Министерот за внатрешни работи демантира дека бил хоспитализиран во приватна клиника. Тој информира дека по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот е во својот дом во Куманово.
„Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира. Ви благодарам и на сите вас кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка. Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски“, напиша Спасовски на фејсбук.
Дел од медиумите објавија дека тој е префрлен на приватна клиника, по што тој се огласи и кажа дека тоа е лажна вест.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.