ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со исчезнувањето на Вања
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2023
Неколку дена трае потрагата по девојче кое исчезна во Скопје.
„Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесе Канал 5.
Шестти ден од нејзиното исчезнување во Македонија и регионот се уште на сите медиуми прва вест и фотографија е лицето на Вања со апел да се помогне за нејзинот пронаоѓање.
Во потрагата се вклучи и Интерпол, a МВР формираше и стручен штаб.
Вчера Спасовски рече дека од електронските уреди кои се прегледани во истрагата, полицијата добила корисни податоци кои може да помогнат во решавањето на овој случај.