19 Декември, 2025
0.0445

ОМД ги повикува македонските граѓани на разум во овие загрижувачки моменти

Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 09:20

Добивај вести на Viber

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги повикува македонските граѓани на разум и одговорност во овие, како што наведуваат, крајно загрижувачки моменти за државата. 

Од ОМД велат дека во овие историски моменти секој задоцнет искажан став е контрапродуктивен и води кон турбулентност и потсетуваат дека политичката платформа на Албанците потпишана во Тирана беше објавена на 7 јануари 2017, на Божик. ­ 

„Нетранспарентните, тајните, многупати и со посредство на странски фактори изнудени политички решенија само и наштетија на младата македонска држава. Секое решение кое не е базирано на народното јавно мислење и здрава дебата води кон нестабилност и неизвесност“ -  наведуваат од ОМД. 

Од тие причини ги повикуваат народните избраници во Собранието на Република Македонија, кои го рефлектираат мултикултурниот карактер на државата, согласно својата одговорност и уставни ингеренции, веднаш да ја продолжат конститутивната седница, да ги повикаат политичките партии целосно транспарентно да им ги презентираат предлог програмите за влада и низ јавна собраниска дебата да се дискутираат и одлучат ставовите и опциите за иднината на земјата. 

Недоделувањето на мандат за формирање на Влада од претседателот Иванов вчера треба да служи како поттик за партиските лидери на ВМРО­-ДПМНЕ и СДСМ да одговорат на моменталната состојба во која се наоѓа државата покажувајќи државотворност и патриотизам преку директни разговори во Собранието и издавање на заедничка декларација за целосна заштита на унитарноста и уставноста на Република Македонија. ОМД цврсто верува дека ова е единствен излез од кризата, стои во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата