Омикрон предизвика „експлозија“ на бројот на инфицирани во Африка

Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Декември, 2021 16:10
Омикрон доведе до „експлозија“ на бројот на инфицирани во Африка. Таму за повеќе од 100 отсто е зголемен бројот на новозаразени со коронавирус.
Минатата недела се потврдени 52.300 инфекции, што е за 105 отсто повеќе од претходната недела. Само во Јужна Африка, потврдени се 31.000 заразени со коронавирус. Овој сој е откриен во Боцвана, Гана, Нигерија и Јужна Африка. Во Африка, само седум проценти од населението се целосно вакцинирани против коронавирусот. Континентот набави 417,5 милиони дози вакцина, од кои 235,8 милиони беа инјектирани. Експертите предупредуваат дека бројот на непотврдени случаи на инфекцијата во Африка, веројатно е многу поголем. Единаесет африкански земји во моментов се борат со четвртиот бран на заразата, а Маурициус веќе влегува во петтиот бран. До јануари, можно е овој сој да доминира во Европа.
Од СЗО велат дека дури и ако сте прележале коронавирус, сепак може да се заразите со омикрон. Овој сој веќе е потврден кај јужниот сосед.Можеби ќе ве интересира
ЕРМЕНИЈА САКА ВО ЕУ: Го почна процесот на пристапување

СЕ ОГЛАСИ РУСИЈА: Има ли шанси Украина да добие безбедносни гаранции?

ТАТКОТО НА МАСК Е ВООДУШЕВЕН ОД ПУТИН: Го пофали рускиот лидер

„МАЛА ГРЕШКА, ЗА КОЈА ТАА ВЕРОЈАТНО НЕ НИ ЗНАЕЛА“: Трамп повторно во одбрана на Ле Пен

ВО ПРАШАЊЕ Е ЗАРАЗНА БОЛЕСТ: Австрија ги затвора границите

УКРАИНА ИМА НЕКОЛКУ ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Зеленски кажа кои се тие

(ВИДЕО) ЧУДО ВО МЈАНМАР: Двајца мажи по пет дена под урнатините се спасени

(ВИДЕО) ЈА СНИМИЛЕ АГОНИЈАТА ДОДЕКА БИЛЕ ПОД УРНАТИНИ: Две девојчиња и нивната баба се спасени во Мјанмар

АКО ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНИ: Погоден би бил потенцијално повеќе од половина од германскиот извоз во САД
